Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ најверојатно ќе биде најголема ѕвезда во летниот преоден рок.
Милинковиќ-Савиќ одигра фантастична сезона во дресот на Лацио, а добрата форма ја покажа и на Мундијалот, па за него силен интерес покажуваат најголемите европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио за неговата слобода бара 150 милиони евра, а последните информации од Апенините велат дека Реал Мадрид е спемен да ја плати таа сума.
Имено, новинарот на „Спортиталија“, Алфредо Педула пренесува дека „кралевите“ веќе започнале преговори со Лацио и се спремни да понудат 120 милиони евра плус бонуси, така што целата сума да достигне до 150 милиони евра.
Интерес за Србинот покажуваат уште Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но овие клубови не се спремни да ја платат споменатата сума, па Реал Мадрид во моментов е во пол-позиција за потписот на СМС.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) June 19, 2018