Дома Топ вести Перез: Мбапе е веќе заборавен!

Перез: Мбапе е веќе заборавен!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез после триумфот во Лигата на шампионите го „пецна“ Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе го одби Реал Мадрид и потпиша нов договор со ПСЖ, па Флорентино Перез неизбежно доби прашање за Французинот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мбапе? Тој не постои вечерва. Ова е забава на Реал Мадрид. Мбапе е заборавен. Ништо не се случи, Реал Мадрид имаше перфектна сезона“, изјави Перез.

Првиот човек на „кралевите“ кажа дека секогаш ќе се трудат да ги ангажираат најдобрите фудбалери во светот.

„Така беше во минатото, така ќе биде и во иднина. Но, сега навистина не е тема на разговор кого ќе купиме летово“, вели Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…