Дома Топ вести Перез импресиониран од еден играч на ЕУРО, го сака по секоја цена

Перез импресиониран од еден играч на ЕУРО, го сака по секоја цена

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е импресиониран од шведскиот репрезентативец Александар Исак, пренесува „Диарио Гол“.

Иако до сега не постигна ниту еден гол на ЕУРО, Исак воодушеви со своите партии и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач одигра добра сезона во Реал Сосиедад и преферира да остане во Примера, а во Реал Мадрид би бил идеална замена за Карим Бензема.

„Кралевите“ сакаат да донесат уште еден млад напаѓач, а со оглед на фактот што Халанд е премногу скап, Перез сега ќе се насочи кон Исак.

Швеѓанецот има откупна клаузула од 70 милиони евра, но Реал Сосиедад е спремен да го пушти за понуда од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…