Дома Фудбал Лига на шампиони Пепе не менува: Со жесток дуел го „разнесе“ напаѓачот на Ливерпул (ВИДЕО)

Пепе не менува: Со жесток дуел го „разнесе“ напаѓачот на Ливерпул (ВИДЕО)

Искусниот португалски стопер своите најдобри денови ги помина во редовите на Реал Мадрид. После напуштањето на Мадрид го носеше дресот на Бешикташ, а оваа зима премина во Порто.

Пепе во текот на целата кариера беше познат по жестоките и безпотребно грубите стартови, а иако денес има 36 години изгледа не се променил многу.

Неговиот Порто го игра реваншот во четвртфиналето против Ливерпул и губи со 0:1, а Пепе својот бес го истури врз напаѓачот Дивок Ориги.

Во моментот кога Ориги се обиде да ја смири топката на него налета Пепе и со жесток старт го собори на тревникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…