Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пенали, пенали и уште пенали! Оваа споредба е доволен доказ за влијанието на ВАР

Пенали, пенали и уште пенали! Оваа споредба е доволен доказ за влијанието на ВАР

Иако се уште се играат натпреварите од групната фаза по еден сегмент овој Мундијал сигурно ќе остане запаметен – пеналите!

Со воведувањето на ВАР на Светското првенство се зголеми и бројот на досудени пенали, но сепак и покрај тоа зачудувачка е споредбата со Мундиајлот одигран пред четири години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, во Бразил на комплетниот Мундијал, 64 натпревари 13 пати судиите покажуваа на белата точка. На ова Светско првенство кое е во тек веќе после 28 натпревари досудени се 14 удари од белата точка.

Ваквиот податок е само дополнителен доказ колку ВАР влијае на фудбалот, но мораме да истакнеме дека на судиите и технологијата не може ништо да им се забележи (кога се досудените пенали во прашање) сите најстроги казни беа оправдано досудени.

Од 14-те досудени пенали, досега само три беа нереализирани.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Некогаш вредеше 58 милиони, сега кариерата ја продолжува во неочекуван клуб!

Бенџамен Менди на врвот на својата кариера играше за Манчестер Сити. Со “Граѓаните&#…