Дома Фудбал Останато Педро со освојувањето на Лигата на Европа влезе во историјата на фудбалот

Педро со освојувањето на Лигата на Европа влезе во историјата на фудбалот

Шпанскиот фудбалер Педро Родригез синоќа во својата колекција на трофеи додаде уште еден трофеј.

Тој со Челзи ја овои Лигата на Европа со што ја комплетираше неверојатната колекција на трофеи. Пред Лигата на Европа, Педро овојуваше Светско првенство, Европско првенство, Лига Шампиони, УЕФА Супер куп и Светко клупско првенство. На тој начин стана првиот фудбалер кој успеа да ги освои сите овие трофеи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од останатите трофеи, Педро го овои пет пати шпанското првенство, ти пати Купот на Кралевите, четири пати Супер купот на Шпанија, Премиер лигата и ФА Купот. Тоа значи дека Педро во своите витрини има 25 освоени трофеи со што го прави еден од најтрофејните играчи во ветот.

Освен што ги освои овие титули, Педро во финалните натпревари речиси секогаш беше еден од најважните играчи. Тој е единствениот Шпанец кој постигна гол во финалето од Лигата на Шампионите, финалето во Лигата на Европа, Супер купот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Инаку, тој во Челзи пристигна пред четири години од Барселона и од тогаш е стандарден член на првиот состав на Сините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без него Сити не може никого да победи, а тој порачува: Уживам во одморот!

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативецот на Шпанија Родри изјави дека се надева де…