Дома Фудбал Франција Патувањето во Саудиска Арабија може да му направи проблем на Меси?

Патувањето во Саудиска Арабија може да му направи проблем на Меси?

Вчера Меси ја изненади јавноста со појавувањето во Саудиска Арабија каде што стана амбасадор за туризам на земјата.

Во Саудиска Арабија Меси отпатува по поразот од Лориент во првенството, а француските медиуми пренесуваат дека поради таквиот потег може да заработи казна од клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веќе подолг период Меси нема добар однос со навивачите во Париз кои нетрпеливи, па дури и во натпреварите испраќаа свирежи барајќи да си замине.

Аргентинецот сега пристигна на Блискиот Исток за официјално да го потпише договорот за амбасадор за туризам.

Оваа соработка ќе му донесе богат договор на Меси, меѓутоа може да му направи и проблем со ПСЖ. Меси не известил никого во клубот за патувањето, не биле известени ниту тренерот Галтие, ниту спортскиот директор Луис Кампос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …