Јувентус синоќа на одличен начин со победа против Сасуоло ја отвори сезоната, а до крајот на преодниот рок сака да доведе уште две ѕвезди.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека до крајот на неделата Јувентус треба да ги комплетира трансферите на Депај и Паредес.




Депај има комплетен договор со Јувентус и се чека само да го раскине договорот со Барселона, па како слободен играч да потпише за „старата дама“.




Преговорите околку трансферот на Паредес со ПСЖ се во завршна фаза и се очекува до крајот на неделата да биде комплетиран и тој трансфер.