Денес Македонија го отвара ЕУРО 2020 со натпревар против Австрија, во рамки на групата Ц. Поранешниот македонски репрезентативец Панче Ќумбев стартуваше успешно со своите анализи и предлози на ова Европско Првенство, а сега тој направи мала анализа и прогноза за првиот историски натпревар на Македонија на едно големо натпреварување.
Австрија – Македонија
Наше деби на едно големо натпреварување. Со нетрпение сите го чекаме настапот на нашите фудбалери. Нашите момци со самиот пласман направија голем успех, но сигурен сум дека и нашите апетити како навивачи и нивните како учесници на ЕУРО 2020 пораснаа. Играме со можеби за нас најнезгодниот ривал во групата, репрезентација која тотално не надигра во квалификациите за пласман на ова Европско Првенство, но сега е друг момент. Играме добро, организирано, хомогено. Играме фудбал, а германците тоа најдобро го осетија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сеедно со која формација ќе настапиме очекувам цврста и гранитна одбрана, среден ред како часовник и опасна контра и завршница од нападот. Наш можеби Х фактор на ова Европско првенство ќе биде средниот ред на чело со Адеми.
Сигурно и австриците ќе влезат претпазливо во овој меч, затоа што сепак е прв натпревар. Ќе мора да внимаваме на крилните позиции затоа што таму австријците се нај опасни. Но јас како и сите во Македонија верувам во оваа генерација и сигурен сум во добар настап и добро отворање на ЕУРО 2020.
Мој тип е Х2 и тоа не само затоа што игра Македонија туку затоа што стварно можеме и се надевам дека ќе го покажеме тоа.