Во мај изгледаше извесно дека Сергеј Милинковиќ Савиќ заминува од Лацио, но еве веќе сме скоро август, а тој се уште е играч на клубот од Рим. Меѓутоа денес во Рим залудно го чекаа…
Српскиот репрезентативец утрово требаше да се појави на прегледите пред почетокот на сезоната, но не се појави!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Рим се шпекулира дека задоцнил на авионот, Лотито мора да има трпение. Тој го чекаше Сергеј со намера за преговори за нов договор. Според актуелниот кој има важност до 2022 година, Савиќ заработува 1.5 милион евра годишна.
Поради тврдоглавоста на Лотито и барањето од 140-150 милиони евра се откажаа Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус. Само Челзи изгледа се уште размислува. Сари даде зелено светло, но „Кориере дело Спорт“ пишува дека „сините“ се спремни да понудат најмногу 115 милиони евра.
Се додава и дека Лотито нема намера да отстапи. Познат е по тоа. Често пати знаел да изгуби оштета инсистирајќи на големи суми. За Фелипе Андерсон пред некоја сезона заинтересиран беше Мнчестер Јунајтед (тогаш Лотито бараше 50 милиони евра), но тој замина дури ова лето, а Лацио доби 38 милиони евра, но тоа е само поради вртоглавиот раст на цените на трансфер пазарот.
Лотито сега повторно се коцка, останува да видиме дали ова непојавување на Сергеј ќе го натера да го смени мислењето и да попушти.