Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 20.45ч во Вадуц игра натпревар од Лигата на нациите против домашниот Лихтенштајн.
Победата е потребна за зацврстување на првото место на табелата и пред се враќање на самодовербата по поразот во Ерменија
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поразот во Ерменија беше една лоша вечер за нас, но и за судијата. Но, сега мислеме на Лихтенштајн. Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен овој пораз“, истакна Горан Пандев.
„Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Само да влеземе со чисти глави и нема да имаме никакви проблеми. Разликата од 100 места на ФИФА листата со Лихтенштајн не мора ништо да значи. Пред три години бевме многу блиски до нив, па направивме позитивна серија и се искачивме многу повисоко. Најважни се три бода, без разлика со кој резултат, и в понеделник да го прославиме првото место во групата“, додаде капитенот.