Дома Фудбал Италија Пандев: Не е важен мојот гол, важно е да победуваме!

Пандев: Не е важен мојот гол, важно е да победуваме!

Синоќа Џенова ја победи Бреша со 3:1, а стрелец на третиот гол за домаќините беше нашиот капитен Горан Пандев.

Пандев со еден мајсторски удар го совлада голманот на Бреша и стави точка на победата на Џенова која од клупата беше предводена од поранешниот соиграч на Пандев од Интер, Тиаго Мота.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Конечно, победивме. Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но потоа покажавме дека има квалитет во овој тим. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера. Мојата улога не е важна, важно е да играме добро“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цел фудбалски свет зборува за прославата на голот на Мбапе против Дортмунд (Видео)

Килијан Мбапе конечно се врати на теренот и синоќа постигна гол во победата на Реал Мадрид…