Дома Трансфер зона Пандев и Џенова донесоа немири во Рим: Инзаги го отпиша човекот кој пред две години беше на чекор од „Олд Трафорд“

Пандев и Џенова донесоа немири во Рим: Инзаги го отпиша човекот кој пред две години беше на чекор од „Олд Трафорд“

Поразот од Џенова внесол немири во редовите на Лацио, пренесуваат италијанските медиуми.

Медиумите на „Чизмата“ дознаваат дека по натпреварот против Џенова кој Лацио го загуби со 1:2, тренерот Симоне Инзаги го критикувал Фелипе Андерсон за очајниот настап во последните 20 минути.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ тврди дека Симеоне е разочаран од Бразилецот и сака да го продаде. Да потсетиме, Андерсон експлодираше пред две години тогаш го сакаше и Манчестер Јунајтед до кој беше многу блиску, но остана на „Олимпико“. Остана, но никогаш не успеа да се врати во старата форма.

Сега Манчестер Јунајтед не е заинтересиран, но тука е Интер кој поминува низ тежок период и сигурно дека на лето ќе мора да се засилува.

Според гласините Интер би можел да го купи Андерсон за дваесетина милиони евра што и не е така голема сума кога ќе се погледне како денес стојат работите во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…