Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Дајте ни шанса да се радуваме со навивачите!!

Пандев: Дајте ни шанса да се радуваме со навивачите!!

Македонските фудбалери се едногласни во барањето да се одложи натпреварот помеѓу Македонија и Косово со цел на новиот датум истиот да се одигра пред публика.

Порака испрати и капитенот Горан Пандев кој побара шанса да се радуваат заедно со навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеке од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја, кои ке ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но дајте ни можност да го оствариме и се она за што сме го сонувале како деца. За доброто на сите, одложето го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски“, стои во поракатана Пандев на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како шт…