Дома Трансфер зона Пакета го напушта Милан, но останува во Серија А?

Пакета го напушта Милан, но останува во Серија А?

Лукас Пакета оваа зима беше на излезни врати од Милан, но на крајот остана на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот бразилски фудбалер во Милан пристигна од Фламенго, „росонерите“ за него платија скоро 40 милиони евра и очекуваа многу од него.

Пакета на почетокот изгледаше како добро засилување, но во вториот дел од сезоната се изгуби и пред прекинот на првенството скоро и да не играше. Во првиот дел од сезоната одигра 15 натпревар и беше еден од најстандардните во екипата на Милан, меѓутоа потоа работите се променија.

Фудбалерот дури и бараше од Милан да го испрати на позајмица до крајот на сезоната, но во клубот тоа го одбија. Италијанските медиуми сега пишуваат дека Бразилецот сигурно ќе ги замине на лето.

Клубот кој засега покажал најголем интерес за Пакета наводно е Фиорентина тие според информациите се спремни да понудат околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…