Дома Фудбал Англија Падна првиот тренерски отказ во Премиер лигата оваа сезона

Падна првиот тренерски отказ во Премиер лигата оваа сезона

Бормут го отпушти Скот Паркер по само четири кола во новата сезона во Премиерлигата, а причина за тоа е катастрофалниот пораз од 0-9 против Ливерпул.

Паркер успеа да го врати тимов во Премиерлигата, но не издржа долго во елитата и доби отказ по срамниот неуспех.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дополнителен проблем за Бормут е тоа што постигна само еден гол, а прими дури 14 по три одиграни кола, па така сите претходни добри резултати на Паркер паднаа во вода.

Паркер е прв тренер кој доби отказ во англиската лига, а исто така тоа е најбрз отказ од 1998 година, кога Кристијан Грос исто така беше отпуштен по само три кола во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез си ја „кубе косата“: Пушти играч кој вчера докажа дека вреди милиони, а сега го сака назад..

Реал Мадрид е познат по врвната младинска школа, но ниту академијната не е непогрешлива. Е…