Му предвидуваа дека ќе биде подобар од Роналдо (Бразилецот), имаше се, техника, сила, шут, дриблинг, пас, игра со глава…Комплетен играч како што веројатно сеуште не се појавил.
Ја вооудшевуваше Италија и во моментот кога требаше да направи исчекор и да стане играч број еден тој се сврте кон пороците и неговата кариера започна да оди во надолна линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега, три години после официјалното повлекување, Адријано одлучи да се врати на теренот.
Изборот падна на Фламенго, клубот кој му помогна кога му беше најтешко, клуб кој секогаш му даваше максимална поддршка, дури и тогаш кога не му одеше.
„Императорот“ е роден 1982 година, дали се уште може да игра професионален фудбал останува времето да покаже.
Едно е сигурно, договорот е постигнат, се што се чека е само официјалната потврда.
Среќно, мајсторе!