Како што пренесуваат шпанските медиуми, младиот фудбалер на Барселона, Карлос Алења кариерата ќе ја продолжи во Бетис.
Играчот за врска не е во плановите на Ернесто Валверде, па се шпекулираше за негов трансфер во Тотенхем, но после заминувањето на Покетино тој трансфер пропадна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега медиумите пренесуваат дека неговиот трансфер во Бетис е договорен и ќе биде официјализиран во јануари. Алења ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната со опција Андалузијците да го откупат договорот на лето.
Барса се согласила на таква опција, но во тој случај во договорот ќе има „бај-бек“ клаузула со која Каталонците ќе можат да го вратат играчот на Камп Ноу во следните две години за одредена сума.