Дома Трансфер зона Павард се предомисли, не сака да го напушти Баерн

Павард се предомисли, не сака да го напушти Баерн

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард се предомислил од првичната намера да го напушти клубот и е спремен да потпише нов договор.

Павард минатото лето настојуваше да ја промени средината бидејќи не беше задоволен со малата минутажа. Меѓутоа, остана во клубот и оваа сезона игра одлично, па ги промени плановите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, а интерес за него покажуваат Барселона, Манчестер Јунајтед и Интер.

Меѓутоа, Павард сега ја променил одлуката, сака да остане во Минхен и е спремен наскоро да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…