Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус го потврди трансферот на Паредес

Официјално: Јувентус го потврди трансферот на Паредес

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Леандро Паредес е нов играч на Јувентус.

Паредес беше голема желба на тренерот Алегри, а Јувентус постигна договор со ПСЖ и денес го комплетираше трансферот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Аргентинецот доаѓа на позајмица со право на откуп следното лето, а откупот може да биде задолжителен доколку Паредес одигра одреден број натпревари.

Јувентус за позајмицата плати 2 милиони евра, а ќе има можност да го откупи договорот за додатни 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот не се согласува со Ван Дајк: Никој не се откажа

Ливерпул вечерва го очекува клучниот натпревар за да ја спаси сезоната. Во четвртфиналето …