Дома Фудбал Официјално: Чави потпиша нов договор со Барселона

Официјално: Чави потпиша нов договор со Барселона

Актуелниот шпански шампион Барселона го продолжи договорот со својот легендарен играч, а сега тренер Чави (43) до летото 2025 година.

Доколку понатамошната соработка биде успешна, постои опција за продолжување на уште една сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чави на клупата на Барселона пристигна на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени и 19 порази.

Минатата сезона тој ја предводеше Барселона до првата титула во лигата по четири години, а исто така го освои и шпанскиот Суперкуп.

Чави во текот на својата играчка кариера 17 години го носеше дресот на Барселона со која освои 25 трофеи, а за каталонскиот клуб одигра вкупно 767 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на Лука Модриќ освои трофеј со Милан!

Дванаесетгодишната Ема Модриќ, ќерка на славниот Лука Модриќ, го забележа својот прв успех…