Дома Трансфер зона Официјално: Хуан Фелипе експресно пронајде нов клуб

Официјално: Хуан Фелипе експресно пронајде нов клуб

felipe

Фудбалерот кој неодамна спогодбено го раскина договорот со Вардар Хуан Фелипе си пронајде нов клуб.

Имено, човекот кој беше најдобар фудбалер на Вардар во последните две сезони во иднина ќе настапува за тимот на Каират од Казакстан со кого потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Името на Бразилецот секогаш ќе остане запишано во историјата на Вардар како играч кој го постигнал историскиот прв гол за Вардар во Лигата на Европа, погодокот кој го постигна на гостински терен против Розенборг.

Фелипе во Вардар пристигна во 2015 година од редовите на ЦСКА Софија. За „црвено-црните“ настапи на 112 натпревари и постигна 28 погодоци.

Интересно е што како официјална причина за заминување на Фелипе од Вардар беа наведени семејните причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…