Дома Македонски спорт Велемајсторскиот лоб на Фелипе против Розенборг кој беше „копија“ на оној на Марадона од 1982 (ВИДЕО)

Велемајсторскиот лоб на Фелипе против Розенборг кој беше „копија“ на оној на Марадона од 1982 (ВИДЕО)

Tимот на Вардар во 2017 година успеа да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа.

Во натпреварите од групната фаза Вардар немаше кој знае какви резултати, вчера ве потестивме на моментот за кучето на арената во Скопје кога гостуваше Розенборг (тука), а денес ќе се навратиме на велемајсторскиот гол на Хуан Фелипе.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој момент за паметење се случи исто така против Розенборг, но на гостински терен. Фелипе во стил на најголемите фудбалски мајстори го лобуваше противничкиот голман.

Голот на Фелипе е на 20. секунда.

Звучи смешно, но овој гол тогаш се споредуваше со епскиот на Марадона во 1982 на „Маракана“ во дресот на Барселона.

Инаку, Фелипе тогаш беше миленик на вардаровите навивачи, но подоцна со некои изјави по трансферот во Шкендија го навлече гневот фановите на Вардар. За да биде уште полошо за него тој трансфер во Шкендија за него се покажа како апсолутно промашување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…