Дома Фудбал Англија Официјално: Салах прогласен за најдобар во Премиер лигата

Официјално: Салах прогласен за најдобар во Премиер лигата

Мохамед Салах заслужено оваа сезона ги собра индивидуални признанија. Ѕвездата на Ливерпул беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата.

Египетскиот репрезентативец блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул и на еден меч пред крајот има постигнато 31 гол на 35 настапи во Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул претходно ја доби и престижната награда играч на годината во избор на колегите, односно асоцијацијата на професионални фудбалери, а беше прогласен и за фудбалер на годината од страната на асоцијацијата на фудбалски новинари.

„Среќен сум, чест ми е што ја освоив оваа награда. Секогаш на ум имав намера да се вратам во Премиерлигата и на луѓето кои велеа дека не сум успеал тука првиот пат да им покажам што можам“, истакна Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се огласи Донарума по страшната повреда на Мусиала: „Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување“.

Страшната повреда на Џамал Мусиала ја засени четвртфиналната средба на Светското клупско п…