Дома Топ вести Официјално: Роналдо е нов играч на Манчестер Јунајтед

Официјално: Роналдо е нов играч на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и официјално го потврди трансферот на Кристиано Роналдо.

Иако се споменуваше Манчестер Сити како можна дестинација за Португалецот, сепак Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ во последен момент се вклучија во трката за неговиот потпис, а Алекс Фергусон одиграл клучна улога за неговото враќање на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед сега потврди дека Роналдо ставил потпис на договор до 2023 година, а за неговиот потпис плати 15 милиони евра плус 8 милиони како бонуси.

Роналдо моментално е во Лисабон каде ги минал лекарските прегледи, а во Манчестер ќе заработува 270.000 финти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…