Дома Фудбал Англија Официјално: Рангник е нов селектор на Австрија

Официјално: Рангник е нов селектор на Австрија

Тоа што се најавуваше денес доби официјална потврда, Ралф Рангник е нов селектор на австриската репрезентација.

Австриската Федерација денес потврди дека Рангник ќе биде нов селектор и дека потпишал договор на две години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тоа нема да му попречи да остане како консултант на „Олд Трафорд“, каде има договор до 2024 година.

63-годишниот Германец стана привремен менаџер на Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година. Тој се согласи да биде менаџер до крајот на сезоната, но има договор со „црвените ѓаволи“ на уште две години како консултант.

Доколку со селекцијата успее да се пласира на Европското првенство 2024, соработката автоматски ќе биде продолжена на уште две години до СП 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…