Дома Останати Ракомет Официјално: Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар ќе ја води Србија!

Официјално: Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар ќе ја води Србија!

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалес ќе биде селектор на Србија.

Шпанскиот стратег кој со Вардар беше европски шампион во 2017 година ќе ја преземе репрезентацијата по завршувањето на актуелната сезона во тимот на ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Договорот со Раул Гонзалес беше потпишан по натпреварот против Италија и тој стапува на сила на 1 јули 2025 година од моментот кога ќе нема обврски кон ПСЖ.

Вакумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе селекцијата ќе го искористиме да ја решиме ситуацијата со Борис Ројеевиќ и да го пронајдеме вистинското решение во квалификациите за Европското првенство“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ.

Така Србија на Европското првенство ќе мора да се пласира без Раул затоа што последните натпревари се играат во март и мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…