Дома Фудбал Англија Официјално: Покетино е нов тренер на Челзи!

Официјално: Покетино е нов тренер на Челзи!

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино и официјално е нов тренер на Челзи.

Челзи на официјалниот сајт го потврди ангажманот на Аргентинецот кој ќе го преземе тимот од 1. јули 2023 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Зад себе Челзи има една од најлошите сезони во историјата, па затоа пред него ќе биде тешка задача. Договорот кој го потпиша Покетино е со важност на една сезона, а ќе биде продолжен, ако со премиерлигашот оствари добри резултати.

„Среќни сме што доаѓа Покетино. Тој е тренер од светска класа и може многу да ни помогне да ги оствариме целите наредната сезона“, изјави првиот човек на Челзи, Тод Боели.

Во кариерата претходно Покетино беше тренер на Еспањол, Саутемптон, Тотенхем и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Димовски не останува во Партизан: Ќе го откупи друг клуб, позната и цената на трансферот

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е пред нов предизвик во кариерата. Откако по за…