Дома Топ вести Официјално: Одложен натпреварот на Атлетико Мадрид

Официјално: Одложен натпреварот на Атлетико Мадрид

Мадрид вчера го погоди најголемата снежна бура во претходните 50 години и таа предизвика големи проблеми.

Екипата на Реал Мадрид скоро четири часа помина на аеродромот пред летот за Памплона каде што некако успеаа да стигнат. Но, таква среќа немаа играчите на Атлетик Билбао.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Билбао денес требаше да игра против Атлетико на гости, но играчите на овој клуб не можеа да патуваат во главниот град на Шпанија бидејќи авионот не можеше да слета во Мадрид.

Клубовите и челниците на Ла Лига на крајот соопштија дека овој натпревар ќе биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…