Дома Топ вести Официјално: Миленикот на навивачите останува во Барселона до 2026

Официјално: Миленикот на навивачите останува во Барселона до 2026

Барселона денес официјално потврди дека Роналд Араухо ставил потпис на нов договор до 2026 година.

Араухо на лето влегуваше во последната година од договорот, а после одличната сезона многу европски гиганти покажуваа интерес за него.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Преговорите траеа подолго време, па двете страни конечно најдоа заеднички јазик и Араухо потпише нов договор до 2026 година.

22-годишниот Уругваец се етаблираше во еден од најважните играчи во тимот и е миленик на навивачите, па ова сигурно е добра вест за Каталонците.

Во новиот договор на дефанзивецот има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул не само што загуби бодови од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите,…