Ургвајскиот фудбалер Матијас Весино е нов фудбалер на Интер.
Овој 26 годишен фудбалер во редовите на „Нероаѕурите“ пристигнува од Фиорентина, а тимот од „Џузепе Меаца“ за неговите услуги ќе издвои 24 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Весино во текот на вчерашниот ден ги помина лекарските прегледи во Интер, а денес стави потпис на четиригодишен договор.Весино е четвртото засилување за Интер ова лето. Претходно во клубот пристигнаа, Даниеле Падели, Милан Шкринар и Борха Валеро.
Покрај екипата на Фиорентина од каде што пристигна во Интер, тој настапуваше за Емполи, Каљари и ургвајскиот Национал.