Дома Трансфер зона Официјално: Клаудио Браво се врати во Ла Лига

Официјално: Клаудио Браво се врати во Ла Лига

Клаудио Браво пред десетина дена и официјално го напушти Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Браво на „Етихад“ пристигна пред четири години од Барселона, но не бранеше премногу во претходните сезони. Чилеанецот одлучи да остане до крајот на договорот и како слободен играч го напушти Манчестер Сити.

Неговиот договор истече на крајот на оваа сезона и не ја продолжи соработката. Иако има 37 години не му беше проблем да пронајде нов ангажман.

Браво одлучи да се врати во Ла Лига и во наредната сезона ќе биде член на Бетис со кој потпиша договор на една година со опција истиот да се продолжи за уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…