
Без плен завршила провалата во домот на Трој Парот, фудбалерот на Реал Бетис. Според „Диарио де Севиља“, тројца маскирани мажи влегле во неговиот стан во населбата Ел Заудин во периодот кога Бетис го играл првенствениот дуел со Барселона.
Случајот е дел од серијата провали што ги погодија фудбалерите и другите познати личности во Севиља. Во последните пет месеци се забележани пет вакви случаи, а последниот е оној во домот на Парот.
Само неколку дена претходно, мета бил и Серхио Рико, некогашниот голман на ПСЖ и на шпанската репрезентација. Во неговиот дом во близина на Севиља влегле петмина вооружени и маскирани напаѓачи. Тоа се случило во понеделникот, околу 22 часот.
Меѓу погодените во изминатите месеци е и Бразилецот Антони, соиграч на Парот во Бетис. Провали имало и во домовите на дизајнерката и инфлуенсерка Росио Осорно, како и на тореадорот Моранте де ла Пуебла.