Дома Фудбал Италија Официјално: Игуаин доби два меча суспензија!

Официјално: Игуаин доби два меча суспензија!

Гонзало Игуаин го обележа дербито помеѓу Милан и Јувентус викендов, најпрво промаши пенал, а потоа заработи црвен картон.

Игуаин во 83-та минута протестираше кон судијата Мацолени, а овој му покажа втор жолт катон и го испрати во соблекувална.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Денес дисциплинската комиција на Серија А одлучи да го казни Игуаин со два натпревари суспензија.

Тоа значи дека Аргентинецот ќе ги пропушти дербито со Лацио на „Олимпико“ и натпреварот со Парма на „Сан Сиро“.

Милан најверојатно ќе ја обжали казната, па останува да видиме дали таа ќе биде намалена или потврдена.

https://twitter.com/TheMilanBible/status/1062327958130573312

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи ја прегази Барселона, Сити падна на Етихад

Светскиот клубски шампион Челзи запиша убедлива домашна победа со 3:0 против Барселона во …