Дома Фудбал Англија Официјално: Десната рака на Мурињо заминува од „Олд Трафорд“

Официјално: Десната рака на Мурињо заминува од „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед соопшти дека долгогодишниот асистент на менаџерот Жозе Мурињо, Руи Фарија, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Фарија соработуваше со Мурињо од 2001 година и во изминатите 17 години со различни клубови освоија 25 трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам во друг правец. Имам зад себе 17 прекрасни години и неверојатни искуства. Во изминатиов период почувствував дека треба да поминам повеќе време со моето семејство пред да донесам одлука за нов професионален ангажман“, изјави Фарија.

„Ќе ми недостигаш пријателе! По 17 години умниот ученик стана фудбалски стручњак подготвен за успешна кариера на главен тренер. Ја почитувам твојата одлука бидејќи знам дека секогаш ќе бидеме заедно“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…