Тимот на Џенова во кој настапува еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата Горан Пандев во саботата по лошите резултати го отпушти тренерот Иван Јуриќ кој освои само шест бодови во првите 12 натпревари во Серија А.
Официјалната интеренет страница на Џенова во текот на вчерашниот ден го потврди името на новиот тренер, а тоа е Давиде Балаедини, човекот кој го водеше овој тим на два пати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ученикот на Ариго Саки прв пат беше необјасниво сменет во 2011 од тогашниот претседател на клубот Енрико Приози, а во вториот мандат во 2013 година се појави како спасител и ја спаси Џенова од испаѓање од Серија А, но и покрај тоа не доби продолжување на договорот.
Балардини беше и останат миленик на навивачите на Џенова и без сомневање е дека ќе биде пречекан со радост од нивна страна.
Во официјалното соопштение од Џенова се наведува:
„Фудбалскиот клуб Џенова известува дека преговорите со Давиде Балардини се успешно завршени и можеме да потврдиме дека сениорскиот тим ќе добие нов тренер“.