Како и што беше најавено Барселона постигна договор со Реал Бетис за Карлос Алења.
Каталонскиот клуб официјално потврди дека Алења се сели на позајмица на „Бенито Виљамарин“ до крајот на сезоната како позајмен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се шпекулираше дека Бетис може да вклучи опција за откуп на неговиот договор на крајот од сезоната, но на крај постигнат е договор само за позајмица и екипата од Севиља нема да има можност за целосен откуп.
Алења поради големата конкуренција не беше во плановите на Ернесто Валверде оваа сезона, а од кога дебитираше во сезоната 2016/2017 за Барселона настапи на 39 натпревари и постигна три гола.
NEWS UPDATE: Deal with @RealBetis_en for @Carlesale10.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 28, 2019
➕DETAILS?https://t.co/AnFmsoRE5O