Своевремено Тиери Анри беше еден од најдобрите фудбалери играјќи за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона.
Откако ја заврши кариерата беше аналитичар во „Скајспорт“, па тренер, работеше во Монако и Монтреал, како и во белгиската репрезентација како помошник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од денес има нов предизвик. Легендата на францускиот фудбал купи 1% од акциите на италијанскиот второлигаш и така му стана партнер на Сеск Фабрегас кој освен што ќе игра за Комо има и акции. Покрај Фабрегас, со Комо денес потпиша и Патрик Кутроне.
„Зборував со Фабрегас, но и со Џанлука Ѕамброта. Сеск ќе биде еден од лидерите на тимот и ќе даде значителен придонес, без разлика дали ќе биде стартер или не. Една од нашите цели ќе биде да инвестираме во заедницата на Комо“, изјави Анри.