Пике својот последен натпревар во кариерата го заврши со црвен картон кој го доби на полувремето од вчерашниот натпревар против Осасуна.




Дефанзивецот не беше во стартниот тим на Каталонците, а на паузата му се нафрли на главниот судија Манзано. Пике имал забелешки за голот на Осасуна за кој сметал дека имало прекршок претходно во акцијата и црвениот картон за Левандовски.




Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пике не престанувал да зборува кон судијата, за во еден момент целосно да збесне.




„Ти си судија кој најмногу пати не за*бал и тоа за очигледни ситуации. Срамота, да и се по*ерам на твојата е*ана мајка“, биле дел од зборовите на дефанзивецот.