Дома Трансфер зона Откриена најголемата трансфер желба на Солскјер

Откриена најголемата трансфер желба на Солскјер

Играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.

На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да го донесат англискиот репрезентативец за 50 милиони фунти, доколку клубот од Бирмингем испадне од Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во спротивен случај Астон Вила за слободата на Грилиш ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони фунти, но Јунајтед е спремен да преговара.

После доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари, Солскјер смета да го комплетира средниот ред со Грилиш и го поставил Англичанецот како приоритет.

Последните информации се дека „црвените ѓаволи“ ќе се откажат од Санчо поради високата цена, па нема да жалаат пари за да го донесат Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…