Дома Фудбал Откако пристигна Кутињо, Меси даде зелено светло за заминување на тројца од тимот

Откако пристигна Кутињо, Меси даде зелено светло за заминување на тројца од тимот

Барселона по повеќе од половина година преговорил, конечно успеа во своите редови да го донесе Филипе Кутињо кој пристигна од Ливерпулза 160 милиони евра.

Каталонскиот клуб ќе плати веднаш 130 милиони додека 30 милиони евра ќе бидат платени врз база на бонуси. Кутињо беше желба на Барселона уште од летово, но по шест месеци преговори, Ливерпул конечно попушти, па бразилскиот фудбалер ја исполни својата желба со пристигнувањето на „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со пристигнувањето на Кутињо јасно беше дека Барселона поради финансискиот фер плеј до крајот на јануари ќе мора да продаде неколку фудбалери. Шпанските медиуми пренесуваат дека на трансфер листата се наоѓаат сигурно тројца фудбалери за кои Лионел Меси истакна дека можат да заминат, откако Кутињо беше официјално претставен.

Ернесто Валверде нема да смета на Алекс Видал, Арда Туран и Џерард Делофеу, кои сигурно ќе ја напуштат Барселона. Покрај нив сигурно е и заминувањето на Хавиер Маскерано кој на крајот на сезоната ќе продолжи во Кина, додека под знак прашање е дали Барселона ќе го продадат Гомес сега или на крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…