Дома Трансфер зона Отворена аукцијата – пристигна понудата за „Меси помеѓу голманите“, одговорот од Рим јасен!

Отворена аукцијата – пристигна понудата за „Меси помеѓу голманите“, одговорот од Рим јасен!

Сумата е навистина премала, тешко дека освен Англичаните, Реал или ПСЖ некој може да си го дозволи…

Соиграчите Алисон го нарекуваат „Меси помеѓу голманите“, чуварот на мрежата на Рома е прв голман на Бразил, има предност во однос на Едерсон од Сити, а многумина веруваат дека „Волчицата“ нема да одолее на понудите. Алисон е најбарниот голман во Италија, голем број на клубови го гледаат како подобро решение од Донарума.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За него интерес покажа Ливерпул, спремни се според медиумите на Островот и на „непристојна“ понуда, а аукцијата ја отвори Наполи. Од Неапол во Рим пристигнала понуда вредна околу 40 милиони евра, што јасно без размислување била обиена.

Рома сигурно не сака да го продаде, а доколку се реши на такво нешто цената сигурно не би била помала од 65-70 милиони евра.

Според најавите, единствено англиските клубови или евентуално Реал Мадрид би можеле себе да си го дозволат голманот кој Рома го доведе од Интернационал за сума од осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…