Дома Топ вести Операцијата се приведува кон крајот: Закажан одлучувачкиот состанок, Роналдо „смртно“ навреден…

Операцијата се приведува кон крајот: Закажан одлучувачкиот состанок, Роналдо „смртно“ навреден…

Вечерва ќе се одржи состанокот на кој се ќе биде одлучено.

Дури и Мундијалот го стави во втор план…Тоа е Кристиано Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголемата фудбалска ѕвезда на денешниот фудбал ја тресе фудбалска Европа поради сензационалниот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус и тоа нешто за кое овие денови констатно пишуваа сите светски медиуми.

Дали Роналдо ја искористил ситуација да го притисне Реал за нов догоовр, како што тоа го направил Серхио Рамос или навистина има намера да премине во Јувентус? Со секој одминат час втората опција изгледа по реално.

Мадритски „АС“ утрово пишува дека Роналдо се договорил со Јувентус за четиригодишен договор и плата од 30 милиони евра по сезона. За целата операција Италијанците ќе мора да издвојат повеќе од 270 милиони евра на бруто ниво. Но, семејството Ањели успеа да пронајде спонзори кои практично ќе покриваат две третини од договорот на Роналдо, додека на терет на Јуве ќе паднат останатите 90.

Во Мадрид пристигна и официјална понуда. Јувентус понуди 100 милиони евра, но спремен е да оди и до 120 ако Реал ги отежнува преговорите. Изгледа дека оваа трансфер операција влегува во завршната фаза.

Моќниот агент на Роналдо, Жорж Мендеш доби итен повик да се појави во Мадрид на состанок со Перез. Тој е веќе на пат и состанокот ќе биде одржан најдоцна до вечерва.

Прашањето што сака Флорентино од Суперагентот?

Некои извори тврдат дека ќе му го понуди истиот договор кој го нуди Јуве. Што би било покачување на платата во однос на актуелните 23 милиони евра кој

Португалецот ги добива годишно. Но, токму тоа е она што Роналдо го чекаше повеќе од една година после финалето во Кардиф против Јувентус, Перез не го исполни ветувањето. Од друга страна Роналдо е премногу горд за сега да го прифати тоа и да проголта се што се случувало од јануари.

Роналдо е повреден и навреден од таквиот однос на претседателот. Го иритира и тоа што Перез е „вљубен“ во Нејмар. Незадоволството кај Роналдо кулминирало кога

Реал одредил цена од 100 милиони евра за неговите услуги.
„Марка“ доаѓа до информации дека Кристиано бил крајно разочаран.

„Ако мислат дека вредам само 100 милиони евра, тогаш тоа значи дека повеќе не ме сакаат“, наводно им се доверил Роналдо на пријателите.

Португалецот смета дека тоа е смешна сума за играч од негов калибар. Посебно кога ќе се земе во предвид растот на цените на пазарот. Но како и тој да не е свесен дека има 33 години и сите се прашуваат кога ќе дојде неговиот пад во кариерата…Очигледно дека во Реал веќе мислат дека тоа наскоро ќе се случи, додека во

Јувентус го мислат спротивното и спремни сме да потрошат голема сума.

Изгледа дека што и да биде ќе биде решено на вечерашниот состанок на Перез и Мендеш. Ако Роналдо и Мендеш ја одиграле целата оваа игра за да добијат нов статус во Мадрид и повеќе пари, тогаш ја одиграле маестрално. Но мадритската јавност и навивачите на Реал стравуваат од поинаквиот епилог, односно дека по овој состанок Перез и официјално ќе му даде „зелено светло“ на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…