Фудбалерите на Олимпијакос дојдоа до пехарот во Конференциската лига, откако на стадионот во Атина ја совладаа Фиорентина со 1:0 (0:0, 0:0) по продолженијата во финалето во Атина.
Голот со кој грчкиот клуб го освои првиот трофеј во европските клупски натпреварувања го постигна Ел-Каби во 116 минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку во текот на првото полувреме Италијанците успеаја да постигнат гол преку Бираги, но истиот после ВАР снимката беше поништен поради офсајд.
Тимот од Фиренца втора година по ред е поразен во финалето на Конференциската лига.
Ова беше трета сезона во третото по квалитет клупско натпреварување на УЕФА, а во претходните две изданија победници беа Рома и Вест хем.
🔴⚪️🏆👊🏻 pic.twitter.com/hxJE7fJCog
— Olympiacos FC (@olympiacosfc) May 29, 2024