Пред неколку дена грчката кошарка ја погоди голем скандал кога во Купот на Грција Олимпијакос го напушти натпреварот поради според нив лошото судење.
Поради сето ова наводно денесстигнува вест дека Олимпијакос сака да направи голем „трансфер“ односно да игра во АБА лигата!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српските медиуми пишуваат дека Олимпијакос побарал на секој натпревар да му судат странци, а откако нивното барање не било прифатено се заканиле со напуштање на првенството и приклучување кон јадранското натпреварување.
Нешто слично пред десетина години направи Маками Тел Авив.
Ситуацијата не изгледа реално посебно ако се знае дека ако сака Олимпијакос навистина да влезе во АБА лига ќе мора да помине преку АБА2.
Сепак, грчкиот гигант носи и многу пари, па би можело и да им се прогледа низ прсти. Доколку ова сценарио стане реалност, лесно би можело да дојде и до пресметка помеѓу Олимпијакос и МЗТ Скопје.
МЗТ се натпреварува во АБА2 лигата и е во добра позиција за враќање во елитното натпреварување.