Претходните денови шпанските медиуми лансираа информација дека Реал Мадрид е заинтересиран во своите редови да ги врати Месут Озил и Ди Марија.
Озил сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал, а во разговор за „Марка“ не исклучува враќање на „Сантиаго Бернабеу“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Реал Мадрид е огромен клуб каде играв со најдобрите фудбалери на светот. Сеуште имам пријатели таму, а навивачите секогаш беа прекрасни кон мене. И ден денес некои од нив ми праќаат пораки и ме викаат да се вратам, па за Мадрид ме врзуваат само добри спомени“, изјави Озил и не ја отфрли можноста да се врати во Реал.
„Среќен сум што играм во голем клуб каков што е Арсенал, кој исто така има одлични навивачи. Играм добро во Лондон, се чувствувам добро, но во фудбалот никогаш не се знае. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Германецот.