Според последните информации во Барселона се е променето, Лионел Меси повеќе нема желба да го напушти клубот како што беше случај изминатото лето.
Меси имаше најголем проблем со работата на Бартомеу кој во меѓувреме си замина од претседателската функција. На местото претседател се врати Хуан Лапорта и неговата прва задача беше да го убеди Меси да остане. Изгледа дека таа задача ја завршил успешно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Меси и Барселона имале состанок на кој тема бил новиот договор на Аргентинецот.
Повеќе детали од состанокот не се објавени, меѓутоа во скоро сите шпански медиуми се пренесува она најважното – Меси останува!
Messi quiere seguir en el Barça pic.twitter.com/myWhqKchZz
— Severino Riveiro (@PardavilGalicia) April 29, 2021