Пристигнува добра вест за фановите на најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.
Имено, како што истакна главниот комесар Адам Силвер, новата сезона започнува осум дена порано од претходната која започна 25 октомври, што значи дека веќе на 17 октомври ќе имаме можност да уживаме во првите натпревари од најсилната кошаркарска лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезоната ќе ја отворат Голден Стејт кој го пречекува Хјустон и Бостон кој исто така на домашен терен ќе игра против Кливленд.
Најголем интерес се очекува да привлече натпреварот помеѓу минатогодишните финалисти Голден Стејт и Кливленд кој е закажан за католичкиот Божиќ, односно 25 декемри.