Францускиот напаѓач, Ентони Марсијал се согласил за продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед, па на „Олд Трафорд“ ќе остане до 2024. година.
Како што пренесоја францусктие медиуми, потпишувањето на новата соработка ќе биде официјализирана до петок. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскајер минатата недела навестил дека ќе дојде до продолжување на договорот со Марсијал, а тогаш истакна дека очекува позитивен расплет на преговорите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ентони Марсијал во 2015. година пристигна од Монако во Манчестер Јунајтед за 36 милиони фунти, а од тогаш во 161 натпревар за Јунајтед постигна 46 гола. Минатото лето многу се шпекулираше за судбината на францсукиот фудбалер, додека тренер беше Мурињо и се очекуваше Марсијал да го напушти клубот.
Сепак, Мурињо беше променет, а Марсијал сепак остана во Јунајтед.