Дома Македонски спорт Одземена шампионската титула на Гого!

Одземена шампионската титула на Гого!

Maкедонецот Горјан Славевски остана без титулата во БКФЦ во полусредна категорија.

Промоцијата за борби објави дека титулата на Славевски му е одземена затоа што прифатил борба надвор од организацијата без претходно да побара и добие дозвола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Славевски се бореше и загуби од Брендон Џенкинс на настанот Карате Комбат 43 во Лас Вагас.

„Горјан за жал прифати борба надвор од нашата организација без дозвола и тоа резултираше со одземање на титулата во полусредна категорија. Дополнително ќе објавиме соопштение во врска со испразнетата титула“, изјави претседателот на БКФС, Дејвид Фледман.

Македонскиот борец во БКФЦ кариерата имаше скор од перфектни 6:0 и во сите борби победи со нокаут. Титулата ја освои во август кога го победи ветеранот од УФЦ, Џејк Линдзи.

Засега не е познато дали Славевски ќе има дозвола да остане во БКФЦ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…